Пукање во касарната во Тетово

Околу 7 часот и 15 минути во касарната „Еребино“ лоцирана во селото Сиричино, тетовско, професионален војник кој бил на стража, забележал непознато лице маскирано со елек и црна капа, со ловна пушка и ловечки кучиња, по што слушнал истрели.

 

Непознатото лице било предупредено, но истото успеало да избега. По настанот извршен е преглед на теренот при што биле пронајдени 5 патрони калибар 12мм. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

 

 
 
24.02.2016 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега