Мајката на Весна очајна: "Како да и кажам на 15-годишната внука дека мајка и ја нема?"
Риболовците од Ниш ја виделе несреќната Весна како одеднаш паѓа во река додека шета со сопругот. Според нивните зборови тој успеал да биде спасен, но неа водата многу бргу ја однела.
- Откако ми ја нема Весна немам мир и спокој. Гледам во телефонот постојано, чекам некој да се јави и да ми каже некоја вест. Рибарите велат дека потонала како камен, вели мајката на Весна, која во вторникот падна во вода и од тогаш и се губи секаква трага.
Несреќната жена паднала во водата додека шетала со сопругот и кучето. Тој скокнал веднаш по неа да ја спаси, но залудно. Водата ја однела, а доколку не се нашле таму рибарите, денеска и од него ќе немало ни трага.
Весна била машински инжињер, работела во пошта, а по разводот живеела со ќеркичката која сега остана сама. Таа секојдневно го шетала кучето покрај реката.
- Секој ден го шета кучето, а пред тоа беше во град. Ми се јави полицијата и ми кажа дека ќерка ми паднала во водата и дека ја нема. Што да и кажам на 15-годишната внука? Срцето ми се пара. И сама не знам што ќе биде, а како да и објаснам неа?, вели мајката на Весна која е очајна.
Таа била против врската на ќерка и со Мартиновиќ со кој тој ден шетала.
- Не го сакав, но ете не ме послуша, вели таа.
Соседка на парот вели дека тој ден заедно излегле на прошетка, а потоа разбрала за трагедијата. Рибарите пак велат дека жената се појавила на површината, а потоа потонала како камен, по што никој веќе не ја видел.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа