Проверете дали утре ќе останете без струја

Од 9 до 14.00 часот утре без струја ќе бидат корисниците од скопското село Глумово, а од 8.30 до 14.30 часот дел од жителите на Љубош.

Во периодот од 9 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците лоцирани на улиците „Шидска“ и „Социјалистичка Зора“ во општина Ѓорче Петров. Од 9 до 14.30 часот без струја ќе бидат корисниците од реонот на Гази Баба, спроти Јаја Пашината џамија.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електросистемот. 

В сабота од 9 до 13 часот без вода ќе бидат жителите од високата зона на Козле, населбите Жданец, Трнодол и Нерези. Прекинот е поради реконструкција на приклучок на улицата „Козле“ бб за Пумпна станица Жданец.

 
 
25.02.2016 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега