Затвореник се обеси во тоалетот на затворот
Затвореник се обеси во затворот во Нови Пазар. Се работи за Един Халиловиќ кој денеска се обесил во тоалетот, а го пронашле чуварите на затворот кои веднаш повикале Брза помош, која можела само да констатира смрт.
Најверојатно, како што дознава српскиот Курир, мотивот за самоубиството е втората затворска казна која го очекувала Един.
Тој во октомври минатата година пукал во сограѓаните и гостите во кафеаната "Staro lane", бидејчи келнерот не сакал да му даде пиење. Во пукањето и мешаницата која настанала, тој усмртил едно лице.
Тој бил осуден за тешко убиство како и носење оружје без дозвола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа