Цела зграда во шок: Лежел мртов во својот стан уште од Божиќ
Вистински хорор се одвивал во Ниш повеќе од еден месец. 60-годишниот П.Т. лежел мртов во својот стан од Божиќ, а за случајот се дознало откако соседите почувствувале грозна миризба во влезот, по што повикале полиција.
Несреќниот маж лежел месец ипол во својот стан лоциран во зграда на улицата "Хајдук Вељка 49".
- Последен пат го видовме нашиот сосед околу Божиќ. Беше постар и знаеше долго да не излегува од дома, особено во зимскиот период, па не помисливме дека му се случило нешто. Од неговиот стан започна да се шири многу лош мирис кој стануваше се појак. Синоќа на еден сосед му се слоши од миризбата, па му тропна на старецот на врата. Откако никој не отвори и немаше никаков глас одвнатре, повикавме полиција, вели соседка од зградата, за српски Курир.
Таа раскажува дека со оглед на тоа што вратата била заклучена одвнатре, полицијата во станот морала да влезе на сила, а внатре го затекнала во фаза на распаѓање како лежи на подот, до неговиот кревет.
- Наводно имал повреда на главата, веројатно паднал или се удрил некако па така починал, но засега не се знае ништо, вели сосетката.
Полицијата во Ниш го потврди случајот. На телото на починатиот нема траги на насилство, па се исклучува можноста дека станува збор за некакво кривично дело, туку најверојатно починал од природна смрт.
Повеќе детали ќе даде обдукцијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа