Пресврт во хоророт кој го згрози регионот

 

Драган со години трпел семејно насилство, бил физички и психички малтретиран, па веројатно и затоа посегнал по својот живот и животот на своите родители. Драмата која се одвивала во Србија и заврши со кобен крај, добива нов расплет.

80-годишниот Душан Бабиќ, неговата сопруга, 84-годишната Милица и синот драган беа пронајдени мртви во семејната куќа во Белград. Драган по еден месец беше пронајден како лежи на приземјето од куќата, додека неговите родители крвави и покриени беа најдени на спратот, сите во фаза на распаѓање.

Соседите за српскиот Курир велат дека семејството не било многу дружељубиво. Ретко ги гледале, па затоа не ни помислиле дека се случила трагедија. Велат дека Драган кој најверојатно според првичните показатели ги убил родителите, па се самоубил, тоа го направил бидејќи тие со години се изживувале врз него.

- Го тепаа, му викаа, го навредуваа и малтретираа. Тој беше нормално момче, учеше, најде и работа, но пота имаше психички проблеми и му дадоа инвалидска пензија. Го заклучуваа во подрум, го бркаа од куќата, му викаа зошто им бара за јадење...тој патеше, а тие беа злобни кон секого, велат соседите.

Обдукцијата ќе покаже точно како настапила смртта.

 
 
28.02.2016 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега