Ограбиле црква за 300 денари

Украдени се три икони од манастирот посветен на Св. Богородица Балаклија во Делчево. Лицата кои се грижат за манастирот за МИА информираат дека  утрово тие забележале дека ги нема иконите на Света Богородица, на Свети Јован Златоуст и иконата на Исус Христос, а освен иконите, крадците однеле и околу 300 денари.
 
Од СВР Штип го потврдуваат настанот и информираат дека случајот е пријавен во Полициската станица во Делчево утрово околу 7,30 часот и оти истрагата е во тек.
 
Инаку,  манастирот посветен на Балаклија е едно од најубавите излетнички места во Делчево. Манастирот го реконструираше  во 200о-та година поранешниот премиер.
 
 
29.02.2016 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега