Балканот згрозен од оваа домашна на ученик: „Мажот смее да ја тепа жената"

 

Домашната на едно момче од Босна со брзина на светлината се рашири на социјалните мрежи и згрози многумина. Корисниците на Фејсбук покренаа лавина негативни коментари околу писмената на тема "Решавање на несогласувањата во бракот", направена по предметот Веронаука.

Имено, во домашното на едно момче е напишано дека: "Дозволено е мажот да ја тепа жената доколку тој удар не и го загрозува сериозно здравјето, и не е во лицето, но само во два случаја - ако жената има друг маж и без потреба не ги задоволува потребите на мажот".

Ова го пишува во домашно дадено во Основно училиште, а засега не е позната автентичноста, ниту кој ја напишал домашната, ниту пак како била оценета.

 

 
 
29.02.2016 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега