Потресен статус на една мајка: Другарките сакаат да ја избркаат ќерка ми од училиште бидејќи е болна

 

Статусот на мајката Ѓоргија Аксентијеваќ од Суботица ги запали социјалните мрежи кога се пожалила дека против нејзината ќерка Гала (11) која боледува од ретка кожна болест се потпишува петиција за исфрлање од училиштето. 

Нејзината ќерка е ученичка во петтото одделение и со месеци била изложена на навреди од страна на една група девојчиња од училиштето само поради тоа што е болна. 

- Тоа се девојчиња со кои Гала со години имаше проблеми. Се започна пред шест месеци кога барав од децата да не се шалат со мојата ќерка, бидејќи тоа за неа е голем проблем поради болеста, кога нозете и се во завој тогаш почнуваат да зафркаваат и да ја одбегнуваат без никакви примедби на нејзиното однесување, рекла мајката. 

Таа додава дека нејзината ќерка се плаши да оди во училиште. 

Foto: Facebook

- Мислев дека ќе престанат но во второто полугодие повторно почнаа да ме задеваат. Никогаш не сум се карала со нив не сакам да направам, поголеми проблеми. Искрено се надевам дека се ова ќе престане. Малку се плашам да одам во училиште бидејќи постојано го следат секој мој потег и чекаат да наоправм нешто погрешно, вели Гала. 

 

 
 
01.03.2016 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега