Тешка сообраќајка пред Скопје - едно лице се бори за живот

Утрово во 5.40 часот на автопатот Скопје-Велес, кај Катланово се случила сообраќајна несреќа во која едно лице е тешко повредено, извести МВР.

Според полицијата, „мерцедес“ со велешки таблици кој го управувал М.С. од Кавадарци, од засега непознати причини излетал од патот. Притоа, со тешки повреди се здобил 50-годишниот совозач С.З. кој е задржан на лекување на КАРИЛ во скопскиот ургентен центар.

 
 
01.03.2016 - 10:53
Фото: 
Архива

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега