Тага во Србија: Полициско куче умре ден по погребот на неговиот полицаец
По смртта на својот водач, полициско куче од Нови Сад почина по него. Модри Ласло, бил полицаец во Министерството за внатрешни работи на Србија, повеќе од 20 години. Со оглед на тоа дека многу сакал животни бил особено поврзан со кучињата од полицијата, и псоледните десетина години од својот живот работел со нив на нивните тренинзи.
Тој добива куче Милиноа, со кое работи до својата смрт. Во 2015 година полицаецот дознал за својата боелст, па поради тоа веќе не одел на работа. Ја имал најтешката битна во животот со тешка болест, која за жал не успеал да ја добие.
Тој починал пред една недела, а е погребан пред два дена. На денот на погребот грижата за кучето ја превзеле неговите колеги, но утредента го пронашле мртов рано наутро.
Кучето претходно не покажувало знаци на било каква болест и било испитувано. Двајцата биле неразделни, па изгледа кучето поради преголема болка, не сакал да го остави својот пријател ни на другиот свет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа