Нова наслеба ќе никне спроти Порта Влае - тој што ќе и даде име ќе добие стан

Нова населба ќе се гради во Скопје, а кумот кој ќе и го даде името ќе добие гарсониера. Населбата ќе се гради на површина од 500.000 квадратни метри во општина Ѓорче Петров, во близина на кружниот тек на булеварот Партизански одреди до Порта Влае.
Земјиштето е сопственост на фабриката „Карпош“ која е и инвеститор, а населбата се најавува како уникатна и еколошка. Во новата населба ќе се гра­дат згра­ди, дет­ска гра­дин­ка, тр­гов­ски цен­тар, де­лов­ни об­јек­ти, бен­зин­ска пум­па, пар­ко­ви и иг­ра­лиш­та.

Почетокот на изградба на оваа ЕКО населба е предвиден за  мај, а првите станбени комплекси се предвидени да бидат вселиви кон крајот на 2017 година. Промотивната цена на становите изнесува 790 евра за квадратен метар.

Населбата се уште нема име, па инвеститорот фабриката „Карпош“, на идниот кумот на оваа населба ќе му подари стан – гарсоњера. Од компнијата велат дека секој може да биде кум, но треба да појде на Саемот за градежништво кој се одржува од 01.03 до 05.03 да земе награден купон кој оди со секој билет и да го напиште предлогот за името на населбата.

 
 
01.03.2016 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега