Убиство поради кое плачеше Југославија: Две децении од трагичната смрт на сараевските Ромео и Јулија
Во војната во Сараево која се случи во 1996 година во неа загинаа Бошко Бркиќ и Адмира Исмиќ, познати како сараевските Ромео и Јулија, а ниту една страна не ја презеде одговорноста за нивното убиство.
За време на војната насстрадале 10 000 луѓе, меѓу кои и1500 деца, а градот останал без вода, храна и струја.
Крајот на ова ужасно време не го дочекаа Бошко и Амира тие загинаа во обид да избегаат од војната. На Врбања мостот на 18 мај 1993 година биле погодени со снајпер.
Младите и вљубени, Србин и Босанка, православец и муслиманка, во време кога речиси тоа беше невозможно, подготвуваа венчавка и бегство од неподносливата реалност. Нивната средношколска љубов по деветте години ја прекина еден куршум, а никогаш не се дознало од која страна било пукано.
Родителите на Бошко сметаат дека тие како и Ромео и Јулија станаа една од оние двојки кои никогаш не се забораваат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа