Груб секс или обид за силување: Трчала гола на улица молејќи за помош

 
Несекојдневна драма се одвивала во Ниш кога гола девојка истрчала од влезот каде што се наоѓа нејзиниот стан, поради верувале или не, груб секс. Девојката, како што пренесуваат денеска српските медиуми, била забележана како гола трча покрај Воената болница во близина на зградата, и им вика на случајните минувачи да повикаат полиција и да ја спасат.
 
Настанот се случил во вторникот околу три часот наутро, кога таа ги вознемирила станарите на зградата во која живее, вриштејќи на цел глас. Таа била на журка која траела до доцна во ноќта, а потоа во станот останала само со едно момче со кое имала секс. Тој бил груб кон неа, па таа се исплашила, по што излетала гола викајќи на цел глас. Прво тврдела дека била нападната од страна на момчето, но потоа раскажала што навистина се случило.
 
Од Брзата помош во Ниш велат дека девојката немала повреди на телото, што би укажало на насилство. Од полицијата пак велат дека немало никаква пријава за силување.
 
 
01.03.2016 - 16:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега