Лелеци од болка: Мајката и таткото на Нада скршени - "Чедо нема да живееме без тебе"

 

Голема тага и болка. Малата Нада која беше прегазена на пешачки премин од несовесен возач кој се обиде да избега од местото на настанот, беше испратена во вечниот дом. Мајката и таткото на Нада едвај се држеле на нозе. Тие се постојано под седативи и не зборуваат ништо освен дека ќе си заминат со своето чедо. На Драгана и се слошило, а Радољуб речиси се онесвестил кога го спуштале ковчегот, па затоа веднаш по погребот биле пренесени во возило на Итната помош.

- Долго те чекавме а сега те нема, Надо наша, што ќе правиме без тебе...викале родителите.

Вчера во Блаце беше ден на жалост, а малата Нада ја испратија повеќе од 1.000 пријатели, роднини, наставници, соученици и граѓани кои жалат за несреќата. Нејзините другари фрлија рози за последно збогум.

- Пуштете не да одиме со неа, што ќе ни живот сега, викале родителите за кои утеха нема.

Девојчето беше прегазено во саботата од несовесен возач на пешачки премин. Тој ја прегазил и избегал, па од страна гледал како таа се мачи пред смртта.

Голема трагедија, нека почива во мир!

 

 
 
02.03.2016 - 08:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега