Мажот и се заканувал на својата сопруга: Си родила инвалид ќе те убијам и тебе и детето

 

Докторите во болницата во Белград пријавиле вчера во полиција дека маж  и се заканувал на својата штотуку породена жена, бидејќи бебето има проблеми со ногата.

- Си родила инвалид. Дојди да те убијам, и тебе и детето, и се заканувал мажот по телефон. 

Жената е породена во понеделник со царски рез. Интервенцијата била ризична бидејќи бебето имало поголема глава.

- Поради тоа детето немало простор, па веројатно затоа ногата му била згрчена. Со ногата е се во ред и со помош на вежби целосно ќе се развие, велат докторите од гинекологија.

Лекарите сметаат дека драмата настанала бидејќи жената  добро проблемот не му го објаснила на сопругот

- Таа им се пожалила на лекарите дека нејзиниот сопруг и се заканува. И поради тоа е известена полицијата. Тој човек не се појави за да ја види својата жена и бебето, жената цел ден плачеше, велат од болницата. 

 
 
02.03.2016 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега