ФОТО: Цариниците во шок - погледнете што заплениле на граница

Цариници на аеродромот „Никола Тесла“ во Белгра оневозможиле во земјата да биде внесено уште едно шише егзотичен азиски напиток, кој се содржи од змија и шкорпија која туристите неретко ја носат како сувенир.

Овој пат шишето со напитокот го донел 31-годишен човек од Крушевац, кој во Белград допатувал од Камбоџа. Во неговиот куфер, помеѓу работите било пронајдено шише од традиционалниот азиски напиток во кој се ставени змија и шкорпија.

Проблемот е во тоа што змијата припаѓа на заштитен вид, па за пренесување преку граница е потреба посебна дозвола која патникот не ја поседувал, се навеувало во соопштението.

Инспекторите од Министерсвото за заштита на средината потврдиле дека ова е заштитен вид на животно и патникот останал без сувенирот.

Претходен таков случај е откриен на 11 јануари, каде исто така на аеродромот патничка од Загреб во својата чанта носела девет шишиња од традиционалниот еликсир.

 

 
 
02.03.2016 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега