Мирослав Илиќ ја нападна Лепа Брена, таа вака му ја затвори устата

Мирослав Илиќ, кој се наоѓа во центарот на аферата околу својот вонбрачен син, Девин Антоновиќ, порача дека му е гајле за него, неговата мајка Мирјана и Лепа Брена

ДНК анализата направена неодамна која покажува дека Мирослав е татко на Девин, ја шокираше јавноста, а пејачот и покрај тоа одбива да има било што со Девин.

Мирослав и се налути на својата колешка Лепа Брена, која ги прими во својот дом Девин и Мира, додека беа во Србија.

- Јас скоро 30 години знам дека Мирослав Илиќ е татко на Девин. Жал ми е што Мирослав ја префрлува топката на мене и не води сметка за своите постапки. Тој тоа треба да и го објасни на својата фамилија и на себе. Тој живееше со Мирјана, патуваше со неа- вели Брена.

- Ништо немам јас направено. Тој тоа го направи пред 30 години. Тоа е нешто што требало сам да го реши, а не да ја меша Брена или било кој друг, а тоа што вели дека Девин не го интересира и дека го иритираат прашања околу него, говори за неговата етика и морал- додаде Лепа Брена.

 

 

 

 

 

 
 
02.03.2016 - 19:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега