Во третиот квартал слободни 6.961 работни места

Стапката на слободни работни места во четвртиот квартал од минатата година изнесува 1,5 отсто. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, слободни работни места се вкупно 6.961.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот во  Рударство и вадење на камен од 2,5 отсто, додека најмала е стапката во секторот  Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 0,16 проценти.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1,89 отсто.

Највисока стапка на слободни работни места од 2,46 отсто има во пелагонискиот регион. Најголем број слободни работни места, односно 1.737, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

 
 
03.03.2016 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега