Неколку скопски населби утре без струја

 

Од 9 до 14 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улиците „Дринска“, „Нов живот“ и „Виничка“ во општина Шуто Оризари.

Во периодот од 9 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од северен дел од Визбегово, општина Бутел, а од 9 до 15  часот дел од корисниците од село Горно Соње во општина Сопиште.

Жителите од населбата Пинтија и стопанските објекти Агромак, Алумил и Милсон во општина Кисела Вода утре од 9 до 13 часот ќе бидат без струја. Од 9 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Стогово“, „Миле Поп Јорданов“, „Брадфорска“ и „Џумајска“ во општина Карпош. 

Од 12 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Мице Козар“ во општина Ѓорче Петров.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се заради технички зафати во електросистемот. 

 
 
03.03.2016 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега