Во Грција во моментот има 32.000 мигранти

Официјална Атина денеска соопшти дека на грчка територија во моментот се наоѓаат речиси 32.000 мигранти, откако Австрија и балканските држави почнаа да го ограничуваат нивниот влез, што доведе до создавање на „тесно грло“ во Грција.

- Во моментот на островите во Егејско Море се наоѓаат 6.857 бегалци кои пристигнаа од Турција, додека во континенталниот дел на Грција има 24.985, изјави грчкиот заменик-министер за одбрана Димитрес Вицас.

Според податоците на локалната полиција, ситуацијата е посебно тешка на грчката граница со Македонија, каде во тешки услови „се заглавени“ повеќе од 11.500 луѓе.

Обединети нации предупредија на можна хуманитарна криза на грчко-македонската граница, каде хуманитарните организации тврдат дека нема доволно храна и шатори и предупредуваат оти студеното време лошо влијае врз здравјето на луѓето.

Претставникот на ОН, Питер Сатерленд предупреди дека во следните недели бројот на „заглавени“ во Грција може да достигне до 70.000 луѓе.

 
 
03.03.2016 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега