Зоран славел бидејќи си купил БМВ - излетал од пат и загинал

СТрашна несреќа се случила синоќа во Србија кога Зоран В. и неговата девојка славеле за купувањето нов автомобил. Како што пишува денеска српскиот Курир, несреќата се случила кога 30-годишниот возач кој во автомобилот бил со 19-годишната девојка, загубил контрола и со своето ново БМВ излетал од пат.

Најверојатно причина за несреќата е преголема брзина. Двајца нивни пријатели со кои ја купувал колата се возеле позади нив со автомобил, па веднаш притрчале да помогнат и викнале полиција и Брза помош.

За жал, Зоран загинал, додека девојката е тешко повредена и лекарите се борат за нејзиниот живот. 

 
 
04.03.2016 - 09:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега