САД: Албанија е главен извор за производство на марихуана

Според последниот извештај на Стејт департментот за борба против наркотични средства се наведува дека Албанија и понатаму останува главен извор за производство на марихуана и транзитно место.

Во извештајот уште пишува дека Албанија е транзит земја за шверц со кокаин и хероин, кои понатаму се шверцуваат за европскиот нарко пазар.

– Според статистиката на албанската полиција, во првите десет месеци од минатата година реализирани се серија апсења, запленето е големо количество на дрога – 6,87 тони марихуана, а целосно уништија 689.815 садници марихуана засадена на 44 хектари во неколку делови на Албанија. Во наведениот период запленети се 55,3 килограми хероин и 26,4 килограми кокаин, се наведува во извештајот.

Ваквиот успех, се додава во документот, главно се должи на континуираната соработката со италијанските власти, помошта од САД и зајакнатите активности на раководството на албанската политика и полиција.

 
 
04.03.2016 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега