ФОТО: Нива со марихуана на државно земјиште пред Скопје
По претходно добиени оперативни сознанија дека во атарот на село Горна Матка има насад со марихуана, превземени се соодветни мерки и активности за откривање на точната локација на насадот, како и откривање на лицата кои го одгледуваат, информира МВР. Откако на 16.07.2013 година е утврдено дека насадот се наоѓа на напуштено државно земјиште и дека нема услови за понатамошно набљудување со цел фаќање на сторителите, на 17.07.2012 година по претходна консултација со обвинителството излезено е на лице место и искорнати се 71 стебло од растението „cannabis sativa” од кои 12 се подигнати за вештачење. Во близина на насадот се пронајдени и подигнати 7 празни саксии кои исто така ќе бидат предадени за крим техничка обработка.