Дводневен семинар за „Користење на унифицирана судска пракса“

Во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, во соработка со Центарот за правни истражувања и анализи и Судскиот колеџ од Лондон, а со поддршка од Британската амбасада во Република Македонија, на 7 и 8 март ќе одржи семинар за „Користење на унифицирана судска пракса“.

Семинарот, како што соопштија денеска од Академијата, ќе се одржи на два одделни настани на кои ќе учествуваат судии одговорни за судската пракса во Македонија кои воедно ја следат и судската пракса на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, како и претставници на Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права. 

На првиот ден од семинарот ќе се обратат министерот за правда Аднан Јашари,  британскиот амбасадор во Македонија Чарлс  Гарет и  директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, Анета Арнаудовска. 

Излагања поврзани со темата на семинарот ќе имаат судиите од Судскиот колеџ од Лондон, Џоана Корнер и Марк Оклтон.

 
 
04.03.2016 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега