Македонија првпат се претставува пред унгарските туристи

 Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот првпат ги претставува македонската култура, историја и природните богатства пред унгарските туристи, на Саемот за туризам во Будимпешта.

Како што соопшти Агенцијата, Саемот, помогнат од кинеските туристички власти кои донесоа голем број кинески тур-оператори заинтересирани за кружни тури на Балканот, во овие четири дена, од 3 до 6-ти март, очекува посета на преку 40.000 потенцијални партнери.  

- Ова претставување е одлична можност за промоција на Македонија како дестинација за туризам на европската мапа. Посебна шанса претставува и промоцијата на Македонија пред кинеските туроператори, изјави амбасадорот на Република Македонија во Унгарија Игор Есмеров.

На Саемот се одржа бизнис работилница на која Македонија оствари средби со неколку кинески туроператори: Leo Vacations, Oases Travel, Tour Nasdaq,Beijing Youth Travel Service и China International Travel Service. Од унгарските тур-оператори посебен интерес пројавија Robinson Travel, Theo Tours, Caterina Travel,Chemol Travel и Union Travel Agency.

Остварени се и повеќе состаноци со претставници на националните туристички организации на Србија, Војводина, Словенија, Хрватска, Албанија и Министерството за економија на Унгарија – сектор за туризам, при што се потенцираше потребата од заедничка соработка на балканските земји со цел претставување трети пазари и привлекување туристи од подалечните земји на балкански кружни тури во кои секоја земја ќе заземе посебно место.

На состанок и со Балинт Ердеи, претседател на Асоцијацијата на унгарски тур-оператори се разгледа можноста за соработка за претставување на балканските земји на кинескиот пазар.

 
 
04.03.2016 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега