Весна Бејби и Игор Џамбазов ќе запливат во брачните води - среќно!

Игор Џамбазов и Весна Петрушевска – Бејби на 27 март ќе ја промовираат нивната најнова претстава со наслов „ Брачна игра“ работена по текст на Едвард Олби, а во режија Тони Михајловски.

"Иницијативата за овој проект е на Џамбазов и на Весна", истакна Михајловски на вчерашната прес-конфереција, а кому, како што рече, му припаднала честа да биде координатор на драмските дејствија. "Брачна игра" е претстава напишана за во целост да може да се распостелат женскиот и машкиот лик и, како што истакна Весна Бејби, таа е идеална прилика да се доживее сето она што тие немале можност да го кажат и направат во реалниот живот.

Џамбазов, пак, истакна дека многумина му рекле дека "Брачна игра" е негово враќање на штиците што живот значат, но тој мисли поинаку.

"Претставата не е мое враќање, туку навраќање. А не сум заборавил да глумам, зашто три работи не се забораваат во животот – водење љубов, возење велосипед и глумење", рече Игор.

Претставата ќе се игра на малата сцена од Македонскиот народен театар, а цената на билетите за премиерната изведба ќе биде 1.000, додека за следните изведби 600 денари.

 
 
05.03.2016 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега