Македонски железници се подновуваат со 150 вагони

Македонски железници ќе го обновуваат возниот парк со 150 нови товарни вагони. Се работи за нови вагони кои ќе бидат обезбедени со средства од ЕБОР, за кои тендерот за набавка е издаден пред три дена.

Денеска министерто за транспорт и врски, Миле Јанакиески, соопшти дека понудите се очекува да бидат доставени најдоцна до 10. септември. 

-На овој начин ќе одговориме на домашните и регионалните потреби во транспортот и ќе ги задоволиме европските стандарди, истакна Јанакиески.

Инаку, инвестицијата ќе чини 50 милиони евра, а од нив за патнички вагони ќе бидат потрошени 15 милиони евра.

ФОТО: Денешен

најчитано сега