Трагедија која ги потресе сите: Детскиот крик го разбуди соседството откако ја виде својата мајка во локви крв

Микица Николиќод Зрењенин не умее да им објасни на тројцата внучиња зошто нивниот татко Благоје Буцу(40) ја убил нивната мајка Санела, а потоа се обеси. Дедото се обидува да им го отргне вниамнието на внуците со некои убави работи, но тие секој час прашуваат кога ќе се вратат нивните родители  дома.

Дедото за  „Информер“ вели  дека најтешко му паднало кога го носел најстариот  внук (9) кој во петокот, по враќањето од училиште во спалната соба ја затекна унаказената мајка во локви крв, а во шупата обесен неговиот татко. 

- Таа слика пред очите ќе ја носи додека е жив и страшна лузна на душата. Ќе направам се за да му ја убла=ам траумата како и на другите двајца внуци кои за време на трагедијата беа кај соседите, изјавил Микица. 

 

 
 
07.03.2016 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега