УЈП апелира до граѓаните: Рокот завршува за една седмица

Досега се поднесени 184.182 Годишни даночни пријави, информираат од Управата за јавни приходи.

Од нив 950 пријави се доставени електронски, а најголем дел или 72.191 пријава се поднесени во Скопје. Даночните обврзници имаат рок до 15 март да поднесат Годишна даночна пријава во УЈП.

ГДП треба да поднесат граѓаните ако  во измината 2015 година, оствариле дополнителни приходи, односно освен плата или пензија или приход од земјоделска, самостојна дејност, оствариле и приходи од: кирии (издавање на имот – закуп или подзакуп),  авторски права,  индустриска сопственост,  исплатена дивиденд, ; капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот,  добивка од награднa игрa во износ поголем од 5.000 денари, приходи остварени од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страни и друго

 
 
07.03.2016 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега