Јанкуловска во Литванија: Поставивме цел да бидеме непремостива пречка за илегалните мигранти

Денеска министерката за внатрешни работи на Македонија, Гордана Јанкуловска, која е во дводневна посета на Литванија, на состанок изјави дека Македонија се соочува со зголемен притисок од илегалната миграција која доаѓа од нашата јужна граница, која е граница со Европската Унија.

- Ние си поставивме цел да бидеме непремостива пречка за илегалните мигранти кои доаѓаат главно од африканските и азиските држави, чија цел е да ја искористат Република Македонија, како земја транзит на патот на т.н. „балканско-западна рута“ и да заминат во некоја западно-европска држава. Подготвени сме да бидеме дел од браникот на ЕУ, но нашата задача не е нималку лесна, а ризиците по нашата земја само се мултиплицираат, доколку без соодветен одговор продолжи овој бран од јужната граница кој се заканува да не поплави, рече Јанкулоска.

Министерката истакна дека значително се зголемени активностите во делот на криумчарењето на мигранти затоа што токму тие како специфична категорија на луѓе се и тоа како подложни особено на трудовата експлоатација и современото ропство. Повеќе од двојно е зголемен и бројот на откриени криумчарени мигранти од азиските и африканските земји и решени се голем број случаи, а неодамна беше откриена 15 члена организирана криминална група кои како дел од меѓународна криминална мрежа за криумчарење на мигранти вршела криумчарење на мигранти од Грција, преку Македонија и Србија каде истите илегално се пренесувале во западноевропските земји.

 

најчитано сега