Југословенскиот актер прозборе за трагедијата што му ја прекина младоста

Познатиот актер Драган Бјелогрлиќ си ја отвори душата и прозборе за трагедијата која му се случила во младоста. Драган запишал прво градежен факултет, зашто тоа била желбата на неговиот покоен татко, но набрзо се откажал од градежништвото и ѝ се посветил на глумата.

- Татко ми, за жал, почина кога бев пред матура. Еден од последните разговори што ги паметам со него додека лежеше на постела беше токму тој дека треба да се занимавам со сериозни работи во животот, а тоа потсвесно влијаеше да изберам градежништво. Но, сфатив набрзо дека тоа не е за мене. Мајка ми и брат ми ме поддржаа, иако се гледаше дека се плашат. 

 

 
 
07.03.2016 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега