Град Скопје: Универзална сала ќе се догради според идејно решение од пред 8 години

Градот Скопје и Јавната установа Конгресен Центар Александар Македонски реагираат на невистините деновиве пласирани во јавноста во врска со наводното идејно решение за реконструкција и надградба на објектот на конгресниот центар (Универзалната сала), за кое граѓанската иницијатива „Прва Архибригада“ тврди дека е изработено од скопскиот бизнисмен Зоран Илиев Роџер.

Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на Град Скопје

Сакаме да нагласиме дека решението за кое има дискусии во јавноста, а за кое се тврди дека е изработено од скопскиот бизнисмен Зоран Илиев Роџер, не е идејното решение според кое ќе се реконструира и надгради постојниот објект на Универзалната сала.

Имено, како што беше потенцирано и на прес-конференцијата пред две недели, објектот на Конгресен Центар Александар Македонски (Универзална сала) ќе се догради и прошири врз основа на идејното решение избрано пред 8 години, а изработено од „Архангел бојс“. Во наредниов период, ќе биде неопходно допроектирање со дополнителни содржини и други елементи, но во основа, проектот ќе остане ист.

Поради тоа, остро реагираме до авторите на ваквите паушални и невкусни тврдења со кои се залажува јавноста и се извртуваат фактите.

 
 
07.03.2016 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега