Трагедија: Детски крик го разбуди соседството - мајка му ја видел во крв а татко му обесен

Микица Николиќ од Зрењенин не умее да им објасни на тројцата внучиња зошто нивниот татко Благоје Буцу(40) ја убил нивната мајка Санела, а потоа се обеси.

policija-srbija-ubiena

Дедото се обидува да им го отргне вниамнието на внуците со некои убави работи, но тие секој час прашуваат кога ќе се вратат нивните родители  дома.

Дедото за „Информер“ вели  дека најтешко му паднало кога го носел најстариот  внук (9) кој во петокот, по враќањето од училиште во спалната соба ја затекна унаказената мајка во локви крв, а во шупата обесен неговиот татко.  Неговиот гласен крик го слушнале соседите.

– Таа слика пред очите ќе ја носи додека е жив и страшна лузна на душата. Ќе направам се за да му ја ублажам траумата како и на другите двајца внуци кои за време на трагедијата беа кај соседите, изјавил Микица.

 
 
07.03.2016 - 18:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега