Вонредна состојба во повеќе општини: Потоп на улиците - евакуирани 400 лица

 

Поради поплавите во повеќе општини  во Србија е прогласена вонредна состојба, јавија српски медиуми.

Вонредна состојба е прогласена во Чачак, Ариље, Лучани, Топола, Пожега, Ивањица, Бајина Башта, Краљево, Рача, Рашка, Нови Пазар и Љиг.

Во општината Рача доцна синоќа е прогласена вонредна состојба поради прекинот на сообраќајот на магистралниот пат кај селото Наталинци и Сепца.

Во населбата Грдац во Краљево синоќа се евакуирани 400 лица, кои се сместени во локалното училиште.

Српскиот Републички хидрометеоролошки завод издаде предупредување дека во јужните и источните делови на земјата денеска се очекуваат поројни дождови, од 20 до 40 литри на метар квадратен, а во југоисточна Србија и повеќе.

Српскиот министер за одбрана Зоран Ѓорѓевиќ донесе одлука за ангажирање на припадниците на српската војска во пружање помош на надлежните органи на локалната самоуправа во поплавените подрачја и за поддршка на Министерството за внатрешни работи.

 
 
08.03.2016 - 08:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега