Полиција на секој чекор утрово во Скопје

Хеликоптери го надлетуваат Скопје, полиција на секој чекор на улиците. Денеска продолжува рочиштето за судскиот процес „Дива населба“, за хоророт во Куманово.

На минатото рочиште тројца од адвокатите на обвинетите ја напуштија судницата, поради лошите услови во кои се одвива судењето. Адвокатите се казнуваат со по 1.200 евра поради нарушување на редот во судницата и оневозможување на услови за одржување на главна расправа.

Адвокатите бараат да се исполни основното начело на фер, правично и јавно судење, односно на секој бранител да му се овозможи да седи до обвинетиот што го застапува, присуство на најмалку по еден од роднините на обвинетите, како и присуство на новинарите.

Првите две рочиште за случајот „Дива населба“  во кој се обвинети 29 лица се товарат за тероризам и учество во терористичка организација се одржаа во големата сала Врховниот суд.

На 9 и на 10 мај минатата година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.  Убиени беа и десет лица од вооружената група.

 

 
 
 
08.03.2016 - 08:54
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега