Алармантно во Нови Пазар: Водата носи се` пред себе (ВИДЕО)

 

Ситуацијата во српскиот град Нови Пазар е алармантна. Во еден дел од градот се евакуирани 100 жители поради поплавите, додека некои делови од градот немаат струја.

Војската се чека на помош, пишуваат српските медиуми.

-Состојбата е многу тешка, сите се на терен, од утрово сите јавни претпријатија со нивната механизација како и приватните се на терен. Очекуваме помош од војската на Србија со работна сила и механизација. Голем дел од градот е без струја, изјавил градоначалникот Мехо Махмутовиќ.

Инаку во Нови Пазар Јошаница однела два моста, еден во близина на фабриката „Украс“, а вториот кој моментално се градел кај пазарот, а го финансирала Владата на Србија.

 
 
08.03.2016 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега