УЈП со важно потсетување

До управата за јавни приходи досега се доставени вкупно над 185.000 годишни даночни пријави, а очекуваат да бидат поднесени 400.000 пријави.

Граѓаните треба да поднесат годишна даночна пријава за остварени дополнителни приходи во текот на 2015 година, до 15 март 2016 година.

Годишна даночна пријава задолжително се поднесува за остварен приход освен плата или пензија или приход од земјоделска, односно самостојна дејност, потоа приходи од кирии од издавање имот, авторски права, индустриска сопственост, исплатена дивиденда, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот.

Како и за добивка од наградна игра во износ поголем од 5.000 денари, приходи остварени од игри на среќа преку специјализирани странски интернет-страници.

 
 
09.03.2016 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега