Убиство во центарот на Мостар - соседите шокирани од злосторството

Стојанка Грубешиќ (79) е убиена во својот стан во Мостар. Грубишиќ е пронајдена мртва во понеделникот, а спроема првите резултати од устрагата убиецот ја задавил старицата, а потоа со остар предмет најверојатно со нож и го пресекол гркланот. 

Исто така во увидот се  утврдило дека старицата се борела со напаѓачот или со повеќе бидејќи во станот се пронајдени траги од борба. Таа лежела мртва на креветот и имала видливи траги од давење, а имала и убодна рана на вратот, рекол извор од полицијата за српски Курир. 

Соседите на Стојанка се шокирани од убиството.

- Кога ја пронашле Стојанка станот бил отклучен и не се најдени траги од провала. Со оглед на тоа според зборовите на соседите таа не била жена која би ја отворила вратата на непознати личности, се претпоставува дека убиецот е некој кој таа добро го познавала или пак можеби ја прател и влегол во нејзиниот дом кога ја отворила вратата, рекол изворот 

Исто така соседите велат дека не слушнале никаква галама за време на злосторството. 

 

 

 

 

 

 
 
09.03.2016 - 18:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега