"Беше страшно и течеше крв од устата" - малата Анита почина пред роденденот

Анита В. од Панчево, деветгодишното девојче кое падна од кров и почина, требало да го прослави својот роденден наскоро.

Анита со братот Драган(22), отишла да собере огревни дрва за дома, се качила на ѕид и пропаднала од кровот. Ало дознава дека братот кој бил со неа веднаш притрчал, ја кренал сестра си во раце и се обидел да ја спаси.

- И течеше многу крв од главата. Ја спуштив во барата за да ја испрскам со вода. Кога видов дека не помага веднаш отрчав да кажам дека е тешко повредена и да повикам помош, вели тој.

На прашањето на новинарите на Ало зошто и дозволил на малата сестра да се качи на ѕидот, немал одговор и само ги кренал рамената.

Девојчето било донесено и ставено на кревет, Уште тогаш не давало знци на живот. За жал, било предоцна. Кога Брзата помош пристигнала на Анита и течела крв од устата и веќе било доцна да се направи било што.

Девојчето набрзо требало да го прослави десеттиот роденден.

 

 
 
10.03.2016 - 09:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега