Хеликоптери и полиција на секој чекор утрово во Скопје

Продолжува судењето за хоророт во кумановската Дива Населба. Денеска петмина кумановци ќе сведочат за настаните на кои беа сведоци во мај минатата година. 

Денеска во Скопје се забележува зголемено присуство на полицијата која ја има на секој чекор, а и полициски хеликоптери го надлетуваат градот.

Инаку, последното рочиште беше на 8 Март. Завчера во Судот покрај жители од кумановската населба сведочеа полицаец и командир од полициската станица „Пелинце“. Сведоците беа предложени од страна на обвинителството. 

Во случајот „Дива населба“ се обвинети вкупно 29 лица за тероризам и терористичко организирање за случувањата од 9 и 10 мај во кумановско. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.  Убиени беа и десет лица од вооружената група. 

 

 

 
 
10.03.2016 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега