Проверете каде ќе нема струја
Корисниците лоцирани на улицата „Гарсија Лорка“ во општина Шуто Оризари утре од 9 до 14 часот ќе бидат без електрична енергија.
Во периодот од 8:30 до 9:30 часот без струја ќе бидат корисниците од делот кај кеј „Димитар Влахов“, кон црквата „Пресвета Богородица“, улицата „Питу Гули“ и црквата „Пресвета Богородица“ во општина Центар.
Без снабдување со струја од 10:30 до 16 часот ќе бидат корисниците од улицата „Исаија Маџовски“ од бр. 8 до бр. 38 во општина Карпош, а од 9:30 до 15 часот корисниците од улицата „Лука Геров“ - подулици 12, 14 и 16 во општина Ѓорче Петров.
Во временскиот период од 9 до 13:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „4“ во село Катланово, општина Петровец, а од 9:30 до 15 часот дел од корисниците и објектите на Качанички Пат по обиколницата, селата Блаце, Стенковец и граничниот премин Блаце во општина Чучер – Сандево.
Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Радишанска“, спроти пазарот во населбата Радишани, а од 9 до 14:30 часот корисниците од булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“, Поликлиниката Бит Пазар и Дуќанџик во општина Чаир. Од 7 до 8 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Синѓелиќ и од патот за село Арачиново.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електро системот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа