Ја тепал со години, а потоа и ги киднапирал децата - Славица собра храброст да ја раскаже вистината

На 18. август 2015 година, нејзиниот маж, турски државјанин, станал порано отколку вообиаченото. ја пратил својата жена во продавница. Кога се вратила видела како до децата влегува во такси и заминува. Потоа од него стигнала фотографија од децата во авион со порака дека последен пат ги гледа. Уште малку па година дена ќе помине откако Славица Бурмазовиќ од Србија не ги видела своите три деца. Во една српска емсија, Славица раскажала како се бори со системот и со себе си. Раскажала за психичката и физичката тортура која ја минувала во текот на тие десет години брак. Раскажала за целиот живот по неговата „ бодникава жица“. Тој и го скратил семејството, работата, пријателите и на крај децата... ржавата, семејството и пријателите ја прашувале „ Зошто дозволувала да бие малтретирана“. Системот повотрно затаил. Нјезините деца долго време не почуствувале мајчина прегратка. - Ако почнам да плачам, нема да запрам, изјавила Славица во емисијата. Овој случај во Србија е прогласен за киднапирање. Но, очајот на мајката која останала без децата и која е постојано во страв за својот живот, ниту една истрага не може да ја излекува. Скршена е псиихички и физички. Славица Бурмазовиќ храбро и свесно излегла во јавноста со приказната за семејното насилство кое кулминирало со киднапирање на децата и со заканување дека ако каже ќе умре. И проговорила. Бидејќи со години молчела и трпела психичка и физичка тортура од својот сопруг, Славица го премотала својот живот десет години наназад и гласно ги изнела деталите од жвиотот со мажот кој и нанесе најголема болка: „ Бев негов трофеј. Ме третираше како предмет. Ми ја ускрати работата, семејството и пријателите. Ми рече: МОја си до смрт.“

Славица Бурмаџова раскажала како сопругот и таткото на нејзините деца со години психички ја злоставувал, какава е неговата врска со сиријските мигранти кои доаѓаат во белград, како едното дете кое има 10 години успеал да стапи во контакт со српскиот амабасадор во Турција, како мајката скришно одржувала контакти со децата ( кои имаат 11, 10 и 4 години) во обид да ги спаси и што вели за институциите во Србија. 

Таа исто така кажала дека сопругот и се заканувал дека ќе ја убие доколку продолжи со својата борба и како таткото ги преминал границите на аеродромот Никола Тесла без да бара согласност о мајката за да ги носи децата во странство и како човекот кој ги киднапира децата слободно шета низ Белградсо порака „ Србија за мене е игралиште и никој ништо не ми може“. 

Ова е само дел од приказната на Славица која се обрати о сите институции со молба да и помогнат околу киднапирањето на нејзините едца и која собрача храброст да раскаже се во јавноста. 

 

 

 
 
10.03.2016 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега