Во понеделник и сабота без струја неколку населени места во Скопје

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, ги известува граѓаните  дека заради технички зафати во електро-системот   без електрична енергија ќе останат неколку населени места во Скопје.

Во сабота во време од 09:00 до 12:00 часот корисниците од дел од с. Петровец, Викенд Населба Дрма, Фирма Интер ХЕМ и  Бензиска пумпа Мак Петрол. (опш.Петровец).

Во понеделник во време од 08:30 до 14:30 часот корисниците од  с.Батинци и дел од нас. Љубош. (опш.Студеничани) и од 10:00 до 12:00 часот корисниците од ул.Скупи, подулица бр. 6 и бр. 31. (опш.Карпош).

 
 
11.03.2016 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега