Метар квадратен во Скопје лани чинел 52.916 денари

Просечната цена на метар квадратен станбена површина во 2015 година изнесувала 46.085 денари, што е за 0,9 отсто помалку во однос на 2014, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

zgradi

Во Скопје, просечната цена на метар квадратен била 52.916 денари што е за 1,8 отсто помалку во споредба со 2014 година. Во останатите населени места во државата, пак, таа изнесувала 33.243 денари, или за 0,8 проценти помалку од 2014.

Просечната цена во второто полугодие од 2015 година била пониска за 2,7 отсто во однос на првото полугодие, а во Скопје намалувањето изнесувало 1,5 отсто.

Наведените просечни цени на метар квадратен станбена површина се без данок на додадена вредност.

 
 
11.03.2016 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега