Граѓанин на Косово осуден на затвор заради пристапување кон Исламска држава

Судот во косовско Гнилање осуди Косовец на три години затвор заради пристапување кон групата „Исламска држава”, пренесува БТА.

Судот во Гнилање го осуди денеска младиот Албанец со иницијали Ф.Б. за пристапување кон „Исламска држава” (ИД), која е прогласена за терористичка организација од страна на ОН. Тој беше уапсен во јануари на косовскиот меѓународен аеродром, заедно со пријател, откако се вратил од учество во борби од страна на ИД.

Во соопштението на судот се наведува дека Ф.Б. се приклучил кон „Исламска држава” во февруари минатата година и „бил обучен и во теорија и во пракса за ракувањето со автомат АК-47 и рачни гранати”.

Неколку стотици родени Косовци доброволци се приклучија на „Исламска држава” во Сирија и Ирак.

 
 
11.03.2016 - 17:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега