МАЈСТОР: Со само 25 динари уплата, и зема пола милион на кладилницата

 
Обложувач од Бежанијска кос, населба во Белград  одиграл 4 комбинации на четирите натпревари од Лигата на шампионите и освоил речиси пола милион!
 
Играта kmb X-1&2-3 (на полувреме да биде нерешено а на крајот да победи домаќинот, додека на утакмицата ќе бидат постигнат два до три гола) ја одиграл на средбата помеѓу Реал и Рома 2:0 (0:0).
 
Волфсбург го совлада Гент со 1:0 (0:0) а обложувачот одиграл kmb X-1&0-2 (на полувреме да биде нерешено а на крај да победи домаќинот, додека на утакмицата ќе бидат постигнати највеќе 2 гола).
 
Зенит беше поразен од Беника 1:2 (0:0), а типот кој го одиграл обложувачот бил kmb X-2&2-3 (на полувреме да биде нерешено но на крај да победи гостинот, и на утакмицата да има два до три гола). Екипата од Лисабон голот за победа го постигна во 96-тата минута!
 
Челзи не успеа да го совлада ПСЖ 1:2 (1:1), но тоа одговарало на обложувачот кој на овој натпревар одиграл  kmb X-2&3+ (на полувреме да биде нерешено но на крај да победи гостинот, и вкупно да бидат постигнати повеќе од 3 гола).
 
На уплатени 25 денари со вкупен коефициен 19.530 обложувачот заработил 498.015 динари.
 
 
11.03.2016 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега