Беше во болница три пати за 8 месеци: Еве од што почина Драган Николиќ

 

Драган Николиќ синоќа почина на 72 години и го зави регионот во црно. Тој неколкупати претходно беше хоспитализиран и се мачеше со тешка болест на дебелото црево, а неговата сопруга Милена која е скршена од болка, постојано бдееше над него.

Актерот лежеше на Пулмологија поради воспаление на белите дробови, откако нагло му се зголеми телесната температура, поради што имал потешкотии со дишењето. Беше во животна опасност, но лекарите со своите напори успејаа да направат тој брзо да застане на нозе и да излезе од болничкиот кревет.

Николиќ имаше проблеми од октомври 2014 година, кога беше примен во болница повторно, но овојпат поради проблеми со дигестивниот тракт. Потоа во февруари 2015 година, на Клиниката за дигестивна хирургија беше опериран. Тој беше три пати хоспитализиран за осум месеци.

Битката ја изгуби вчера, но Драган и понатаму ќе живее преку неговите филмови и цитати.

 
 
12.03.2016 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега