Драма на аеродром: Полициските кучиња спречија експлозија

На аеродромот Никола Тесла во Белград се пронајдени две ракети со експлозив кои се донесени од Бејрута преку Белград и Лондон за Њујорк.

Очигледно се работи за шверц на оружје бидејќи ракетите биле спакувани како школски макети и имале таква документација. Меѓутоа, кучињата пронашле експлозив во пакетите и по отварањето е утврдено дека сепак се работи за ракети и веднаш е спроведена истрага.

Ракетите се во должина од 1,5 метри и биле во испратени со редовна линија за Србија.

Сандаците веднаш се обезбедени и се врши увид

Ракетите не се испратени од Белград, а крајната дестинација требала да биде Лондон или Њујорк, каде требало да ги превземе одредена компанија.

 

 

 
 
13.03.2016 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега