Драган Николиќ пристигна во „Кафеана на бесмртните“

Главната фотографија „Кафеана кај бесмртните“ доби нов член, легендарниот актер Драган Николиќ кој почина по подолго боледување во 72-та година од животот. 

Драган Николиќ, кој е доцртан како влегува на вратата од кафеаната, им се придружи на одамна починатите Павле Вуисиќ, Зоран Радмиловиќ, Душан Прелевиќ Преле, Момо Капор, Тома Здравковиќ, Јосиф Татиќ, Бора Тодоровиќ, Петар Краљ и Драгомир Бојаниќ Гидра.

Тажната фотографија набрзо стана вирална на социјалните мрежи, а не се знае кој е нејзиниот автор.

 
 
13.03.2016 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега